Македонските лавови подготвени за Австралискиот турнир 2026

OCT 15, 202611 MIN

Description

Со вечерашниот натпревар меѓу Preston Lions FC и Wollongong Wolves FC. започнува втората сезона на Australian Championship 2026. Во Турнирот ќе учествуваат 16 екипи, поделени во четири групи, а оваа сезона носи и нови правила во фудбалската игра. Натпреварите ќе се играат од четврток до недела, а СБС ТВ ќе пренесува во живо по два натпревара од секое коло, додека останатите ќе бидат достапни на SBS on Demand. Во пресрет на почетокот на првенството, Васе Коцев подготви прилог за подготвеноста на лавовите од Престон за новите предизвици, во годината кога клубот одбележува 80 години постоење. Покрај Престон Македонија, во првенството ќе учествува уште еден клуб со македонски корени – Broadmeadow Magic FC. од Њукасл.